Се истражува случајот со 19-годишната струмичанка чие бебе беше пронајдено мртво во јама

19 – годишна девојка закрепнува на гинеколошкото одделение во струмичката болница по породувањето во неделата коешто се случило во семејниот дом во Баница. Доктор Митко Киров, гинекологот којшто ја примил родилката, вели дека девојката била донесена во многу лоша состојба.

Полициски екипи уште истата вечер биле во нејзиниот дом каде се пронајдени докази дека е извршено породување, но го немало бебето. Од СВР Струмица денеска информираа дека мртвото тело на новороденчето е пронајдено во јама и по наредба на јавен обвинител дадено на обдукција.

Повеќето од жителите на Баница велат дека не слушнале за случајот со родилката во нивното населено место. Оние што знаеја, пак, не сакаа да коментираат.

Примероци од крв се земени за анализа од мајката, членови на семејството но и од мажот со кој таа била во врска. Истрагата треба да ги открие причините и мотивите зошто девојката е породена дома, но и кој го фрлил бебето во полското ве -це.

 

Сузана Мицева

Објавено на
© 2026 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ