
Се испокараа за Трајко, но заедно ќе избираат кандидат за претседател?!
Се испокараа околу тоа, кој е виновен што на експретседателот на Собранието Трајко Вељановски не му беше одземен имунитетот, но сепак ќе избираат заеднички кандидат за претседател на државата?! СДСМ и ДУИ не се откажуваат од идејата, на претседателските избори да настапат заедно и покрај тоа што цел ден си испраќаат отровни пораки едни на други. Премиерот изјави дека тоа што се случуваше викендов се слабости во функционирањето кои владејачката коалиција ќе ги надмине.
И од ДУИ тврдат дека коалицијата функционира нормално.
На огласот на СДСМ за кандидат за претседател се пријавил и Божидар Ночев, архитект кој пред пет години се пријави и на огласот на ВМРО-ДПМНЕ и му беше опонент на Ѓорѓе Иванов. На нивната конвенција освои само еден глас. Се пријавил и готиварецот Тони Петровски, дипломиран правник и еден од основачите на Агенцијата за разузнавање, како и поетот Игор Поп Трајков. Кандидатурата на поранешниот амбасадор, Ѓорѓи Филипов, е веќе позната.
Далиборка Дамјанска Цветановска