Се гради шестоседот на Попова Шапка

ЕЛЕМ деновивие продолжи да го гради шестоседот на Попова Шапка, откако во два наврати градежните активности беа стопирани, затоа што компанија не ги исполнил еколошките стандарди за градба.

Од ЕЛЕМ истакнаа дека сите дозовли се извадени. Уверуваат оти модерната жичница ќе биде готова пред почетокот на новата скијачка сезона.

Скијачките клубови, велат дека шестоседот преставува значајна инвестиција на центарот, кој ќе понуди модерно скијање и растеретување на гужвите.

Во меѓувреме во останата инфраструктура на Попова Шапка не се вложува, ниту пак се одржува постојната. Најава за нови ски лифтови, паркинг места и инсталација на вештачки снег нема.

Откако претходната власт даде празни ветувања дека во центарот ќе инвестира 30 милиони евра, сегашната влада распиша тендер за избор на консултант за проценка на центарот, постапка која на крај треба да заврши со продажба на Попова Шапка.

Од владата засега не даваат никакви информации до каде е изборот на консултант. Оттаму само кратко ни рекоа дека ако има некој новост дополнително ќе не информираат.

Трпковски смета дека одлуката за продажба на центарот е погрешна. Вели дека Попова Шапка е богаство на Македонија, каде треба да се инвестира етапно. Со неа треба да раководо јавно претпријатие каква што е праксата во соседството, но и во западно – европските земји.

Инаку и во останатата инфраструктура надлежност на општина Тетово која е во очајна состојба не се вложува.Улиците се преполни со дупки по нив течат фекалии, не е средена ниту атмосферската канализација и уличното осветлување, а кучиња скитници секојдневно ги напаѓаат туристите.

Зоран Димовски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ