Се да не чини во државата, правосудството мора да функционира

Во борбата со корупцијата клучни се обвинителите и судиите. Се да не чини во државата ако тие пресечат и ја завршат својата работа ефективно, перцепцијата за корупцијата ќе биде подобра сметаат антикорупционерите.

Негативни случаи имало и ќе има но битно е како ќе се решат вели претседатлерката на Антикорупциската комисија.

-За жал, ни се случи тешка и лоша работа минатата година, случајот „Рекет“ кој многу придонесе да се влоши перцепцијата за корупцијата во нашата држава. Добро е што се работи на овој случај, а уште подобро ќе биде ако се сработи, па луѓето малку да ја променат перцепцијата, да ја зголемат довербата во институциите, изјави претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска.

Ефикасна борба со корупцијата подразбира да се гонат крупни случаи со висока корупција и потребна е поголема координираност и соработка меѓу институциите велатп орнаешни антикорупционери.

Битно е и предметите да се завршуваат а не само да со отвораат

Минатата година ДКСК добила историски број на пријави од граѓани што според Ивановска е резулатат на зголемена доверба. Таа оценува дека има напредок и кај другите институции.

Сите судии, над 600-тини, нема да го минуваат филтерот на антикорупциска. Број на поплаки од граѓани,  недоследности во работата утврдени од судскиот совет, бавноста на решавање на предмети се дел од можните критериуми по кои ќе се селектираат судиите за проверка, вели Иваноска според која се чека само уште деновиве Судскиот совет да им ги достави потребните податоци

Елена Ивановска Мукоска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ