Се „чешлаат“ фирмите кои не исплатиле К-15

Работниците во текстилната индустрија најмалку добиле к-15. Газдите лесно ја заобиколиле одредбата во колективниот договор на вработените, во која јасно е наведено дека треба да се исплати регрес за годишен одмор на нив. Електронската адреса на Државниот инспекторат за труд е преполна со жалби од работници кои плашејќи се за своето работно место, информирале, но останале анонимни. Синдикатот реагира и потсетува, газдите се соочуваат со затвор.

За работодавачите  кои не го почитуваат ова право на работниците и не исплаќаат регрес за годишен одмор  или бараат од работниците  да ги  вратат исплатените средства по овој основ , покрај глобите за сторен прекршок, Кривичниот закон предвидува и затворската казна до 1 година, соопштија од Сојузот на синдикати на Македонија. 

Оттаму велат, работниците ќе добијат и бесплатен адвокат доколку се пожалат во Синдикатот. Синоќа овој проблем се најде и на Владина седница. Побарале детали дали е исплатено к-15 во приватните фирми, за потоа да решат што ќе прават со нив.

Во првата половина на 2018 година за неостварено право на регрес за годишен одмор, се обратиле 22ца. Година пред тоа, во 2017, вкупно 242 побарале помош од Сојузот на синдикати. Меѓу оштетените има работници од повеќе сектори и гранки, кои не добија минимален износ од 9610 денари.

 

Петар Догов

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ