Се чекаат резултатите за уште тројца сомнителни за корона вирус

Во моментов се тестираат уште три лица за КОВИД 19. Еден струмичанец кој пристигнал во земјава на 22-ри месецов, бил здрав , но сега имал темепература и двајца Бугари кои работат во Битола, а патувале во северна Италија.

Пациентката која е со позитивен тест на корона вирусот е во добра состојба, информираше министерот за здравство Венко Филипче, кој додаде дека почнува периодот на нејзино опоравување. Луѓето со кои контактирала сиректно се уште се во домачна изолација, ги слушаат препораките, и засега не појавуваат симптоми на болеста.

Филипче, на денешната владина седница ќе предложи да се откажат сите јавни собири, како и спортски настани, најмалку една недела, со цел да се спречи евентуалното ширење на корона вирусот.

  • Се што преземаме како мерка е да се подготви здравствениот систем за третман на пациенти и да се спреччи ширењето на болеста, рече министерот.
Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ