
Се чекаат резултатите за сомнителен од корона вирус кој престојувал во Дубаи
На инфективната клиника се проверува лице кое престојувало во Дубаи дали е заболено со корона вирусот. Лицето утрово е примено на инфективната клинка со симптоми на грип по што му се направени потребните тестови чии резултати ќе се знаат за околу два часа.
Лицето кое пак синоќа беше ставено во изолација откако се пожалило на проблеми во стомакот, а кое непосредно претходно во земјва пристигнало од Италија, тестовите покажаа дека нема корона вирус.
Информативна контролата од корона вирусот од денеска се врши освен на аеродромите и на пет патни копнени гранични премини. Граничната полиција преку информативен разговор проверува од каде доаѓаат патниците и дали чуствуваат некакви здравствени промени. Засега на овие гранични премини нема медицински лица.
Филипче прито информираше дека Макеоднија во моментов располага со 150 легла за хоспитализирање на сомнителни или заразени лица од корона вирусот на инфективните клиники и на интензивана нега. Сепак веќе било разговарано и деновиве ќе биде определни и дополнителни капацитети каде би биле сместени евентулано случаи со корона вирус. Министерот за здравство, како што информораше Филипче, во моментов располага со 40.000 маски, 10-на илјади мантили и специјални сканфандери, а се подготвува и нова набавка за надополнување нарезервите.
Тамара Грнчароска