Се чекаат резултатите за Ковид 19 за 13 родилки на ГАК

Во Ковид центaрот во Клиниката за гинекологија и акушерство во моментов има  15 родилки во одделот за изолација. До сега е дијагностициран Ковид 19 кај 2 пациентки. Се чекааат резултатите за останатите 13.

И двете пациентки кои се позитивни се породени, а децата им се негативни. Едната е со близначка бременост. Едната е единечна. Значи трите деца се негативни.Барањата наши се да имаме наши тестови брзо да бидат готови, меѓутоа кај трудниците никогаш не се знае. Може и да не почекаме брз ПЦР тест, изјави директорката на ГАК, др Викторија Јовановска.

Сите клиники според индикација за итност праќаат материјал за брз тест во Институтот за јавно здравје и го добиваат резултатот за 45 минути, вели министерот за здравство Венко Филипче. Во моментов во Гинекологија Чаир нема ниту една родилка позитивна на Ковид 19, потврди за Телма директорот Башким Исмаили.

Во врска со трите родилки кои дошле во Чаир за породување и не кажале дека имале симптоми и контакти со лица со Ковид 19, Бухова вели случајот не е пријавен во ДСЗИ иако тие се во секојдневна комуникација со директорот Исмаили.

Вакви постапки се малтене секојдневни. Сите доктори се соочуваат со неискреност на дел од пациентите. Меѓутоа како што беше постапката за Клиниката за гинекологија и акушерство каде што ДСЗИ направи вонреден инспекциски надзор го констатира тоа што беше видено и понатаму постапката мора да ја продолжи МВР, бидејќи ингеренциите на ДСЗИ се до одреден степен, подвлече директорката на ДСЗИ, Ирина Сотирова-Бухова.

Случајот со родилката во Универзитетската клиника за гинекологија која дала лажна изјава дека немала контакти со лице позитивно на Ковид 19 и ја напушти истата, за потоа да се породи во приватна болница ја разбранува јавноста.

За нејзината потпишана изјава во ГАК која исчезна ДСЗИ го заврши инспекцискиот надзор, Министерството за внатрешни работи сега работи на расчистување на случајот.

Нина Стефанова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ