
Се чекаат резултатите од брисевите на штитенците од „Сју Рајдер“ во Битола
Се очекуваат резултатите од земените брисови на штитениците во Старскиот дом „Сју Рајдер“ во Битола, кои се тестирани откако кај еден 86 годишен пациент е потврдено дека е позитивен на КОВИД-19. Неофицијално се тестираат околу петнаесетина стари лица кои престојуваат во Домот, а брис е земен и од двајцата корисници кои делеле иста соба со заболениот. Осум вработени од медицинскиот персонал се испратени во двонеделана домашна изолација. Од Министерството за здравтсво за Телма потврдија дека се очекуваат резултатите од тестовите на оние што биле во близина на заболениот пациент.
-Земени се брисови од пацентите во околните соби на спратот каде што било сместено ова лице, а персоналот кој бил во контакт со него е испратено на домашна изолација. По систем на ротација донесени се други вработени. Дадени се и препораки за темелно чистење и засилена хигиена во објектот, соопштија од Министерството за здравство.
Кај 86 годишниот штитеник во домот, првите симптом се појавиле на 4 април, па со зголемена температура бил префлрен на лекување во битолската Болница. Следниот беше потврдено дека е позитивиен на вирусот.
Инаку тој бил примен во Домот на 18 март, во редовна процедура без да му биде направена епидемиолошка анкета, а неговата внука неколку дена претходно се вратила од Германија, потврди за Телма директорката на Домот за стари лица во Битола, каде има вкупно 154 корисници и 34 вработени.
Емилија Мисирлиевски