
Се чекаат резултатите на седум нови лица со симптоми на корона вирус
Во моментов се тестираат 7 лица кои појавиле симптоми на корона вирус, соопшти министерот за здравство Венко Филипче. Шест се од Дебар, од кои четворица имале директен контакт со првозаболените од овој град. Тестиран е и еден човек од Битола, како и двајца кои се вратиле од Шпанија и не ја поминале термалната камера, се пријавиле со зголемена температура. Примероци се земени од епидемиологот од Дебар, како и од техничарот кои ги земале брисевите на заболените.
Се чекаат од Дебар да пристигнат и 4-цата новодијагностицирани, меѓу кои е и едно 15-годишно момче со лесни симптоми. Од оние кои се на Инфективната клиника, значително е влошена состојбата на првозаболената пациентка од Дебар и таа е поставена на механичка вентилација, рече Филипче.
Првозаболената пациентка која во Македонија пристигна со комбе од Италија, веќе е негатива на тестирањата, излечена е и во понеделник ќе биде пуштена на домашно лекување.
Филипче најави дека ќе предложи трговските центри и моловите да се затворат целосно, бидејќи тоа се места каде најмногу се шират вирусите. Министерот предлага и пекарите да работат преку шалтери, и да ги отстранат масите во малите простори.