
Се чекаат резултати за нови шест лица кои се тестирани за корона вирус
Во моментов на корона вирус се тестираат 6 лица од Дебар, напиша министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил.
Од нив, четворица кои имале контакт со заболените од Дебар. Еден доктор епидемиолог и еден лабораториски техничар исто така од Дебар кои се без симптоми на корона вирус, но за кои е важно да направиме проверка на нивната здравствена состојба.
На корона вирус се тестира и странец преку Центарот за јавно здравје во Битола. Резултатите ќе бидат готови за неколку часа, по што ќе ја информираме јавноста.