Се чекаат резулататите за 12 лица кои се тестирале за корона вирусот

Во моментов на Инфективната клиника се чекаат резулататите за 12 нови лица кои се тестирале утрово за корона вирусот, соопшти миистерот за здравство Венко Филипче. Двајца од нив се со знаци на грип, се вратиле од Италија пред 5 дена здрави, но утринава развиле симптоми. Осум други лица за кои се чека резултати се од Дебар, и сите се соседи на веќе тројцата заболени од тука. Живеат во куќа залепена до нивната и контактите им биле интензивни. Едно лице се тестирало во Штип, и тоа е од Кочани, а патувало во Италија, и последниот за кој се чека резултати е човек од Прилеп. Резултатите за нивните тестови се очекуваат за 2 до 3 часа.

Засега, на Инфективна се уште се седумтемина пациенти, кои се со лесна клиничка слика, нема потреба од механичка вентиилација кај никој од нив. Првата заболена пацинетка е негативна на контролниот тест и се очекува да биде пуштена во наредните неколку дена.

Тестови во овој момент има доволно, рече Филипче, но ќе се набават дополнително нови. Капацитетот на Инфективната клиника е сосема доволен, рече министерот, направени се планови и кои катови ќе бидат изолирани, доколку се појават повеќе случаи.

Следната прес конференција Филипче ја најави за 16.30 часот.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ