
Се чека мислење од СЈО за притворите на Камчев и Мијалков
Се чека мислење од СЈО, пред Кривичен и Апелација да одлучат дали ќе ги пуштат или пак остануваат во Шутка поранешните функционери Сашо Мијалков, Миле Јанакиески, Кирил Божиновски и бизнисменот Орце Камчев
За сега нема најава од СЈО кога ќе испратат мислење. од што зависи дали предновогодишно судовите ќе одлучуваат за овие притвори
Од скопска апелација, велат предметот за Камчев го испратиле минатата недела на мислење во СЈО. Камчев понуди и гаранција во имот вреден 14 ипол милиони евра. Предметот Империја за кој е сосомничен тежи 17 милиони евра, штета од 6 милиони евра и испрани 11 милиони евра .
На мислење во СЈО е и предметот за екс директорот на УБК Мијалков кој нуди имот во вредност од 1 милион евра за да се брни од слобода.
Повеќе од двојно помали гаранции понудиле Кирил Божиновски и Миле Јанакиевски за да излезат од притвор. Јанакиевски заложил семејната куќа во Прилеп и стан во Скопје а Божиновски- земјиште и два стана на блиски роднини. Кривичен им ги одбил гаранциите па сега се жалат пред апелациониот суд. Од повиокиот суд велат предметот од денеска е во СЈО на мислење.
До крајот на годината Мијалков уште два пати ќе биде спроведен во суд. Утре на усдењето за за прислушување каде ќе може и лично да му постави прашања на клучиниот сведок укажувачот Ѓорги Лазаревски, кој од минатата недела е повторно вработен во МВР. И во четворток за предметот за апсењето на Љубе Бошковски. Јанакиевски пак денеска беше на рочипте за рушењето на Космос каде сведчеше синот на Фиат Цановски, Сефер, утре е во суд за „Шамарите во Центар“ и задутре за „Траекторија“ за кинеските автопати.
Елена Ивановска Мукоска