
Се чека дожд за да започне есенската сеидба во Пелагонија
Земјоделците во најголемата житница Пелагонија чекаат дожд и поголема влага за да влезат во нивите и да ја отпочанат есенската сеидба. Досега поради долгиот сушен период и малата количина врнежи, засеани се само дваесетина проценти од планираното и тоа во покрупните земјоделски стопанства. Помалите земјолделци не можат да ја отпочнат оваа сложена земјоделска операција, затоа што поради сушата земјата тешко се обработува, а нивните трошоци се зголемуваат.
- Состојбата во нивте е лоша, не може да влезиме за да посееме нешто. Единствено некои угари што се изугарени преку летото, ама ќе чекаме дожд. Трошоците се поголеми, не се ора, се оптоваруваат машините, се зголемува трошокот, вели Славе Митановски, земјодлец од Пелагонија.
Додколку во наредните денови не заврне дожд, оптималните рокови за старт на есенската сеидба ќе бидат пробиени.
-Помалку е важно колку литри по метар квадратен ќе заврне, поважно е да врнежите да бидат рамномерно распоредени и да нема поројни дождови. Значи потребно е помирен дожд, со постабилна количини, затоа што ако има поројни дождови се испира површинскиот, односно плодниот почвен слој така што и тоа може да направи штета, изјави Зоран Бардаковси од Агенцијата за поттикнување на развојот на змејоделието (АПРЗ).
Експертите предлагаат прилагодување на земјодлеското производство на ваквите сосотојби.
- Единствено што може да се прпорача на сите површини каде нема навднување да се применуваат култури кои се отпорни на суша и правилни агротехнички мерки кои што ќе го намаат влијанието на сушата, вели Бардаковски.
Климатските промени ја менуваат традицијта во Пелагонија, па во последните неколку години се случува есенската сеидба да се одвива во ноември и декември. Сепак неизвесно е дали годинава времснките услови ќе го дозволат тоа и дали ваквата состојба ќе влиаје на приносите.
Емилија Мисирлиевска