Се чека документ од Фондот за здравствено за обвинителството да го затвори случајот со смртта на Тамара

Завршува истрагата за случајот со смртта на Тамара Димовска, девојчето кое не дочека лекување во странство. Од обвинителството за Телма велат дека веднаш штом го добијат последниот документ кој го чекаат од Фондот за здравствено осигурување обвинителот ќе ја објави одлуката дали ќе има обвинение. Ова следува после вештачењето од обдукцијата на девојчето.

„Писмениот извештај за извршено дополнување на вештачење во обвинителството беше добиено по скоро две години од издадената Наредбата за вештачење од јавниот обвинител, издадена на 3.04.2016 година. По добивање на дополнувањето на вештачењето се наметна потребата од дополнителна документација од Фондот за здравствено осигурување на Македонија. По добивање на документацијата, во најкраток можен рок се очекува јавно-обвинителска одлука“, соопштија од Јавно обвинителство на РМ.

Од Фондот побараа време да ги одговорат прашањата за тоа кога ќе го испратата документот и за што точно се работи? Според обвинителството ова ќе биде последно пред да се донесе одлуката на која се чека повеќе од три години. За сега обвинителството не е известено дека е прифатена апликацијата на хелсиншкиот комитет во судот во Стразбур поради предолгата истрага.

Меѓународниот суд до сега не побарал никаков допис, но телма ввеќе објави дека апликацијата влезе во судот за човекови права. Обвинителството за прв пат испрати детален приказ на тоа што точно сработило во предметот во кој меѓудругото потенцира дека истрагата е обемна поради основано сомнение за повеќе лица, вклучени во лекувањето на девојчето Тамара.

Кривичната пријава од Хелсиншкиот комитет и мајката на Тамара Димовска беше против екс министерот за здравство, Никола Тодоров, поранешните директори и членови на управен одбор на Фондот и претседателите на комисиите кои одлучуваа за лекување во странство. Но, обвинителството не ја прифати пријавата за Тодоров. Во меѓувреме трае судеењето за дедото на Тамара кој е обвинет за обид за убиство на поранешниот министер токму поради овој случај.

Билјана Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ