
Се бираат членови на судски совет
Судиите гласаат, се бираат пет члена на судскиот совет на кои овој месец им истекува шест годишниот мандат како членови на највисокото судско тело кое бира и разрешува судии и ја оценува нивната работа.
Меѓу петмината членови се и поранешната претседателка на советот, Александра Зафировска, која беше спомената и во последниот извештај на СЈО дека ја отворила вратата за полтиката да влезе во судскиот совет, потоа Мирјана Гоцевска Стефановска, Мери Дика Георгиевска, Јелица Крстевска и Влатко Самарџиски. Се гласа во сите судови во земјата, а кандидатските листи се по апелационо подрачје. Судскиот совет го сочинуваат 15 члена, двајцата се по функција министерот за правда и претседателот на врховен суд, осум се судии кои се бираат од судиите, тројца ги бира собранието , а двајца ги предлага претседателот, а ги бира собранието.