Се бараат оставки од обвинителите од СЈО и да ги вратат парите

Невладината „Цивил“ ќе покрене иницијатива за враќање на бонусите кои ги зеле Катица Јанева, обвинителите и сите вработени во СЈО. Ваков скандал и доделување енормни суми како дополнителни додатоци не се случил во изминатите две децении. Корупцијата го достигна врвот, вели Џабир Дерала.

Поранешниот министер за внатрешни работи Павле Трајанов бара сите обвинители од СЈО да си поднесат оставки,да се изврши ревизија на работењето на СЈО, да се утврди како функционирало обвинителството, на кој начин креирало случаи и се доделувале пари надвор од сите прописи.

ВМРО ДПМНЕ  се сомнева дека Јавното обвинителство ќе отвори случај и ќе спроведе темелна истрага затоа што според нив тоа е продолжена рака на власта.

Јавното обвинителство вчера соопшти дека ќе ги испита сите околности и факти  за исплатата на платите и додатоците и доколку се утврди дека има основано сомневање за извршено кривично дело ќе се постапи согласно законот. Катица Јанева по основ на додатоци за време на својот мандат зела 157.000 евра, а другите обвинители од 70.000 до 100.000 евра.

Јулијана Пешевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ