Се активира балканската мигрантска рута

Балкансаката рута се’ уште е патоказ за илјадици мигранти од Блискиот Исток и Северна Африка до западноевропските земји. Пограничните села во гевгелиско остануваат најчеста мета на илегалните премини, но и обиди да се помине македонско – грчката граница и да се најде патот до северната граница.

Жителите на Моин сведочат дека средбата со мигранти е секојдневна и навикнале да ги гледаат ноѓе, а понекогаш и среде бел ден.

Во останатите села како Прдејци и Марвинци, каде што имаше постојано мигранти на пругите, жителите велат дека не ги среќаваат по селата, а ако движат покрај пругите, не ги виделе.

Само последниот месец полицијата пријави дека се фатени околу 200  мигранти на различни локации во Југоисточниот регион. Најголемиот дел од нив биле илегалчно пренесувани од возила управувани македонски државјани.

Сузана Мицева

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ