СДСМ: Завршија црнилата на ВМРО-ДПМНЕ за кои зборува Мицкоски

„Нож“, „пишти – вришти“,„убивање“ и слични зборови, тоа е речникот на Христијан Мицкоски со кој се обраќа пред подмалдокот на сопствената партија. Саде црнила, негативност, нискост. Тоа е капацитетот на антизападниот Христијан Мицкоски, левата рака на Никола Груевски, се вели во реакцијата на СДСМ по обраќањето на лидерот на ВМРО -ДПМНЕ.

  • Друго и не може да се очекува од него, со секое ново обраќање Мицкоски потврдува дека е недостоен за Македонија и неспособен, дека нема план, нема визија. Црнила беа криминалните политики на ВМРО-ДПМНЕ кои буквално протераа 600.000 граѓани, пред се млади во потрага по подобар живот. Македонија живееше во изолација без иднина, без насока, далеку од ЕУ и НАТО…денес Македонија е на сигурна шина кон иднината и цврсто чекори кон НАТО и ЕУ, кон интеграција, реагираат од СДСМ.
Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ