СДСМ за избори најбрзо што може, ВМРО ДПМНЕ против

Избори во првиот можен рок, веднаш штом се стабилизира пандемијата, бараат централниот, регионалните и општинските изборни штабови на СДСМ. Аргументите им се дека, за демократија и развој се потребни стабилни институции и функционален Парламент.

Николовски ги обвинува ВМРО ДПМНЕ дека бегаат од демократски мегдан и не сакаат  да функционира Собранието. Неговите изјави за ВМРО ДПМНЕ се срамни.

Во врска со изјавата на претседателот Пендаровски дека, ако се ублажи состојбата со ширењето на вирусот, ќе размисли двапати дали ќе прогласи повторно вонредна состојба, од ВМРО ДПМНЕ велат дека, вонредната состојба не е прашање на одлука на политичарите. Зависи од здравствената и економска криза и, според нив, треба да биде продолжена се` додека кризата не се надмине.

Втората одлука за вонредна состојба ќе истече на 16 мај, со што ќе се создаде уште една правна нејаснотија помеѓу правото на Владата да донесува укази и потребата Собранието да ги одобри донесените уредби или да се усвојуваат нови закони потребни за надминување на ситуацијата.

За ова ќе се разговара и на лидерската средба кај претседателот, најавена за десетина дена.

Далиборка Демјанска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ