
СДСМ со водство од 2400 гласа пред ВМРО-ДПМНЕ во Охрид
Граѓаните на Охрид градоначалник ќе избираат во втор круг, откако битката на петте кандидати не донесе конечен победник во првиот.
Најмногу гласови освои кандидатот на СДСМ и актуелен вд градоначалник Константин Георгиески.
Тој имаше 2400 гласа повеќе од противкандидатот на ВМРО ДПМНЕ, Митре Милошевски.
Тројцата кандидати кои испаднаа, Стевче Стевоски, Михаил Трендафилов – Нанче и Џемал Мена освоиеја над 3200 гласови, а дури 1200 ливчиња беа неважечки што е најмногу до сега.
Овие локални избори во Охрид имаат и историски најниска излезност 53.84%, што е за 10 проценти помалку од претходните.
Втор круг избори за градоначалник ќе има и во општина Ново Село, во која исто така фактор беа големот број неважечки ливчиња – вкупно 103.
Кандидатот на ВМРО ДПМНЕ Николче Стоилков има предност од 60 гласа во однос на противкандидатот од СДСМ Никола Андонов.
За разлика од Охрид и Ново Село, граѓаните на Дебар, третата општина во оја паралелно со претседателските се одржуваат вонредни локални избори, избраа градоначалик во првиот круг.
Победи кандидатот на ДУИ, Хекуран Дука кој освои 272 гласа повеќе од Арбен Аголи, кандидатот на Алијансата за Албанците.
Горан Момироски