СДСМ се ребрендира – со нови бои и две нови кампањи

Црвено-бела боја ќе биде новата боја со која владејачката СДСМ се ребрендира денеска, а веќе од овој викенд од Штип ја стартува првата од две планирани кампањи со кои пред граѓаните ќе ги објаснува досега остварените ветувања, но и ќе ги сондира нивните барања од локалната и централната власт, најави висок партиски функционер. Под мотото „На прав пат“ од овој викенд во Штип почнуваат над 20 трибини. А после 20-ти октомври, проект „врата на врата“, кој ќе го спроведуваат локалните ограноци.

Двете кампањи се во функција на исполнување на ветувањата на централно и на локално ниво, но и подготовка на новата изборна кампања, велат од партијата.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ