
СДСМ резервирани за законот за ветинг на ДУИ
СДСМ се резервирани за предлогот на ДУИ, имотот на идните функционери да се проверува пред да стапат на функција, а не потоа, како што е сегашната пракса. Сметаат дека Антикорупциската комисија, што сега ја врши контролата, е сосема добро решение.
Костадинов, сепак, остава простор предлогот што им беше доставен вчера, да се разгледа во пратеничката група пред да се донесе конечен став. ВМРО ДПМНЕ не сакаа да коментираат за ова прашање, пред да го разгледаат предлогот, додека независната пратеничка група е „за„.
Со законот, ДУИ предлагаат, да се формира посебна Агенција за проверка, составена од пет лица, директор и заменик. Предлагаат и таа агенција да ги проверува и идните судии и обвинители, пред да бидат избрани, како и сите останати кандидати за функции, почнувајќи од тие за претседател на државата, преку пратениците, министрите, директорите, нивните заменици и членовите на управните одбори и агенции.
Далиборка Демјанска Цветановска