
СДСМ расте, ВМРО-ДПМНЕ паѓа во рејтингот – Заев со најголема доверба, го следи Мицкоски
Зоран Заев е во убедливо водство со 21,4 отсто рејтинг, но рејтингот му е благ пад. Христијан Мицковски е зад него со 14 процентни поени, со раст во личниот рејтинг и прв пат над Иванов чиј рејтинг е во пад и застанува на само 6 отсто. Следува Ахмети со 5,7, Села 3,8 %, и азилантот Груевски во слободен пад со 2,7 %, рејтинг во рамките на статистичките грешки.
Големата поддршка на Заев доаѓа и од популарноста кај Албанците – со 17,6 отсто поддршка тој е втор лидер по популарност кај етничките Албанци: прв е Ахмети со 23 % , а трет Села со 16 %. Но, најзначајната бројка се оние 39,9 % кои немаат доверба во ниту еден политичар.
Што се однесува до рејтингот на партиите, ставот на граѓаните можеме да го сублимираме во фактот дека СДСМ расте, додека ВМРО паѓа. 26,8 отсто за СДСМ; 21,5 за ВМРО-ДПМНЕ.
ДУИ е стабилна so 6,7 %, потоа е Алијансата со 3 %, БЕСА сo 2,4 додека нема да гласаат 21,3 %.
Но, тука многу се интересни податоците според етничка припадност. ВМРО-ДПМНЕ е водечка партија кај македонците: 30,4 отсто со пет процентни поени пред СДСМ – 25,5 %.
Зaбележуваме историска промена кај албанскиот електорат. СДСМ е прва партија кај Албанците со 27,5 отсто од преференците, додека ДУИ е втора со половина процент помалку.
Рејтингот, ВМРО ДПМНЕ кај Албанците е еднаков на Нула, со што нивниот коалиционен капацитет и понатаму останува драматично слаб.