
СДСМ почна постапка за избор на претседателски кандидат
„Постапката е во тек“. Ова е кусиот одговор на СДСМ на прашањето зошто се одлучија да го бараат својот претседателски кандидат на јавен оглас.
Не е попрецизна ниту министерката Радмила Шеќеринска, која важи за еден од четирите фаворити на партијата за претседателски кандидат. Денеска таа одби да одговара на било какви прашања поврзани со нејзина евентуална кандидатура на јавниот повик.
Вчера, партијата упати Отворен повик за самокандидирање на заинтересираните кандидати. Ќе биде отворен до 19 февруари, а изборот ќе биде извршен на партиска конвенција на 3 март. СДСМ се уште тактизира и со одговорот на барањето на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори. На седницата на Извршниот комитет расправата по ова прашање почнала, но не завршила. Пратеникот Китев објаснува дека на некој начин постои поделеност бидејќи има аргументи и „за“ и „против“ двојни избори. Одлука се уште не е донесена.
Соња Николовска