
СДСМ очекува кандидати од општинските организации
Постапката за самокандидирање претседателски кандидати во СДСМ завршува, но разговорите за заеднички кандидат со коалициските партнери продолжуваат. Од партијата велат дека тука нема ништо спорно бидејќи процедурата завршува со Конгрес на 3-ти март. До тогаш, сите општински организации имаат право да изготват предлози и да ги достават до Извршниот одбор.
Пред точно 15 дена, СДСМ објави Отворен повик за самокандидирање. Се пријави само амбасадорот Ѓорѓи Филипов.
Според ВМРО-ДПМНЕ, „заевизмот“ го заборавил и го негирал овој оглас, па „наместо со звучни имиња како професорката Силјановска, СДСМ ќе трча со кандидат избран од Артан Груби“.
ВМРО-ДПМНЕ го избра својот претседателски кандидат на Конвенција пред три дена. СДСМ води неколку постапки: на внатрепартиски план побара самокандидирање, а во коалицијата води разговори за консензуален кандидат со другите лидери.
Соња Николовска