
СДСМ на ЦО вечерва ќе ги потврди новите потпретседатели
Централното претседателство на СДСМ доцна попладнево ќе одржи седница на која ќе избира нови потпретседатели на партијата и министер за финасии. Директорката на Групер, Нина Ангеловска ќе биде предложена за министер за финасии. За потпретседатели прелдожени се министрите Оливер Спасовски, Дамјан Манчевски и Мила Царовска, пратеникот Мухамед Зекири и Пи-ар експертот Коста Петров кој работеше и во кабинетот на на поранешниот министер за здравство, а сега градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари. Фросина Ременски заминува од потпретседателската функција.
Партиски извори за Телма велат дека Ангеловска ја прифатила понудата да биде нов министер за финасии откако претходно антикорупциската комисија утврди дека кај премиерот има судир на интереси и не може истовремено да биде и претседател на влада и министер.