
СДСМ: Мицкоски одбива да се спротистави на политиките на деструкција
По средбата на лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски со партнерите од коалицијата „За подобра Македонија“, СДСМ се јави со соопштение.
„ВМРО ДПМНЕ продолжуваат со политиките на создавање вештачки поделби, на блокади и на пласирање на лажни вести, коишто се во спротивност со интересите на граѓаните на Република Македонија.
ВМРО ДПМНЕ, партијата со која раководи Мицкоски, 11 години ги задолжуваше и осиромашуваше граѓаните, а парите од скапите задолжувања ги трошеше на барок, споменици, лускуз и богатење на поединци, со што ја опустоши и уназади економијата.
За разлика од таквото расипничко и криминално трошење на парите на граѓаните, владата предводена од сдсм преку одговорно управување со финансиите за краток период успеа да ја стабилизира економијата и да ја направи развојна. Јавниот и државниот долг за првпат по 2009 година се намалени, минималната плата е зголемена на 12.000 денари и важи за вработените во сите индустрии, а преку планот за економски раст се создаваат услови за нови работни места и повисоки плати. Последен доказ за исправноста на фискалните и економските политики е оценката на меѓународната агенција „Фич“ која што го промени изгледот на Македонија од негативен во позитивен, со потврден бб рејтинг, соопштуваат од СДСМ.