СДСМ: Иванов неодговорно го завршува мандатот

Ѓорге Иванов го завршува мандатот како што го почна: неодговорно, со недомаќинско работење спротивно на интересите на граѓаните и државата.

На самиот крај на мандатот од функцијата што недостојно ја извршува, Иванов според одредени процени, ќе потроши најмалку 20.000 евра, пари на граѓаните за сопствена промоција.

Иванов нарачува над 700 сувенири со своето име. Пенкала, чадори, бисерни обетки, вински сетови, филигрански накит, марами и вратоврски се само дел од предметите што Иванов ги нарачал.

Ваквото трошење народни пари за сопствен маркетинг не е однесување на одговорен претседетал на држава кој ги застапува интересите на сите граѓани, велат од СДСМ.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ