
СДСМ го повикува ВМРО-ДПМНЕ да даде придонес да се донесе законот за јавно обвинителство
СДСМ го повикува ВМРО-ДПМНЕ да даде придонес да се донесе законот за јавно обвинителство.
А, со тоа да покажат дека навистина се за правда и неселективно владеење на правото.
Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес – конференција на Дамјан Манчевски:
СДСМ се заглавени и се подолу тонат со обидите да ги амнестираат криминалот и високата корупција. Тоа е единственото на кое се посветени и за тоа ја жртвуваат иднината на државата.
Ниту правда ниту интеграции ќе има со селективноста на правдата која што ја водат преку “пупка судството” и прислушуваното ЈО на Зора Заев.
Изворот на лажни вести во насока на криење на корупцијата е токму власта на главата на криминалниот октопод.