СДСМ го испитува рејтингот на десетина можни претседателски кандидати

Шеќеринска, Димитров, Спасовски, Пендаровски… Ова се само неколку од десетината можни кандидати за претседател на владеачката коалиција. Консензуалниот кандидат треба да биде претседател на сите граѓани, вели премиерот Заев, и да ги избегне слабостите што ги покажа Иванов во делот на мултикултурно општество и интеграции.

Заев најави дека во петок ќе заседава Централниот одбор на партијата и веројатно ќе донесе одлука дали да се прифати предлогот на ВМРО ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори.

Дел од помалите коалициски партнери на СДСМ апелираат пред се да се води сметка за интересите на државата.

Партиите брифираат дека еден од аргументите за дупли избори е постигнување цензус. Доколку не се постигне излезност од 40 одсто во вториот круг, претседателските избори би требало да се повторат. Во ДИК, која веќе стартува со подготовки за изборниот циклус, веруваат дека цензусот нема да биде проблем.

Се планира претседателските избори да се распишат на 8 февруари, за да се одржат на 21 април. Евентуалните парламентарни избори би се одржале на 5 мај, заедно со вториот круг, а би се распишале во првата половина на март,со скратени рокови за изборните дејствија и за Пржинската Влада.

Соња Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ