СДСМ: Џафери да одговори зошто ја прекина седницата (видео)

Пратениците на СДСМ не беа на утринската координација на која повика претседателот на Собранието, Талат Џафери. Тие го бојкотираат собранискиот спикер поради она што го направи на вчерашната седница, односно со тоа што не овозможи гласање за иминитетот на Трајко Вељаноски.

Од пратеничката група на СДСМ велат дека се револтирани од тоа како се одвиваше синоќешната седница. Додаваат дека не очекувале вака да резултира седницата, иако претходниот ден исходот од комисиската расправа го навестуваше тоа. Го повикаа Џафери да одговори зошто ја прекинал седницата.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ