СДК: ЕВН ја купи Градската куќа

Компанијата ЕВН ја купи Градската куќа на кејот на реката Вардар, на јавно наддавање кое се одржало вчера и на кое ЕВН била единствениот понудувач, објавува СДК.МК.

„До 31 октомври беше пријавувањето на заинтересирани фирми за учество на електронската аукција. Се пријави само компанијата ЕВН, а електронската аукција се одржа вчера. Почетната цена беше 12,7 милиони евра и тоа е цената по која Град Скопје ја продаде Градската куќа. Во наредните 15 дена ќе биде склучен договорот“, вели градоначалникот Шилегов.

Шилегов на 26 септември ја најави продажбата на Градската куќа затоа што немало место за сите вработени туку само за 350 и местото на администрацијата на главниот град требало да биде во центарот на градот.

Каде ќе се сели администрацијата на Град Скопје Шилегов не кажува, туку вели дека се разгледуваат неколку опции кои ќе обезбедат многу посоодветни услови.

Градската куќа покрај Вардар почна да се гради во 2011, а при поставувањето на камен темелникот поранешниот градоначалник Коце Трајановски најави дека ќе биде готова кон средината на 2015. Изградба на објектот чинеше 15 милиони евра и дополнителни 3 милиони евра за изградба на енергетски ефикасна фасада.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ