Сасоли: Трите земји ја преиспитуваат одлуката со која Северна Македонија не доби датум за почеток на преговорите со ЕУ

„За време на последниот совет на ЕУ имаше три влади кои побараа да не почнат преговорите со Северна Македонија и со Албанија. Немаше категорично НЕ, но поставија услови дека треба да се стори нешто повеќе. Но, сега тие три земји ја преиспитуваат својата одлука и мислам дека нивните приговори ќе бидат надминати, лесно совладливи и многу брзо, рече претседателот на ЕП, Давид Сасоли, кој е во прва посета на земјава откако не доби датум за почеток на преговори со ЕУ.

Премиерот Заев рече дека Македонија нема друга алтернатива, освен да продолжи со процесите и со реформите.

„Тие реформи ни се најмногу потребни на нас дома. Ќе докажеме дека сите постигнати резултатити досега се одржливи и неповратни, ќе одкажеме дека нема отстапување од нашите стратешки насоки кон ЕУ и НАТО порача премиерот, кој истакна дека следува критика од сите анти-ЕУ и ретроградни сили, но дека ќе бидат совладани.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ