
Сашо Тасевски ќе биде нов директор на БЈБ
Сашо Тасевски ќе биде назначен за нов директор на Бирото за јавна безбедност и тој ќе биде официјален предлог на Владата на Република Македонија. Тасевски досега ја извршуваше функцијата началник на Шестата управа при Министерството за внатрешни работи.
Исто така Тасевски беше еден од главните телохранители на Оливер Спасовски за време на нападот врз пратениците на Крвавиот четврток и пожртвувани учествуваше во одбрана на Зоран Заев и останатите кои беа тешко повредени.
Тасевски треба да го преземе раководењето со БЈБ откако беше разрешен Лазе Велковски поради скандалот за употреба на службено теренско возило кое на 2 август отпатувало во Грција.