Сашо Дуковски поднесе иницијатива за уставноста на Законот за амнестија

Адвокатот Сашко Дукоски поднесе иницијатива за уставноста на законот за амнестија, во кој е наведено за кои кривични дела не важи амнестијата.

На Фејсбук напиша дека тоа ги прави граѓаните, односно осудениците нееднакви. Додава дека ова спроведено законско решение е спротивно на уставното начело за еднаквост на граѓаните пред Уставот и законите.

Пишува дека со ова е повредено начелето за владеењето на правото. И дека инцијативата е во однос на член 9 од уставот каде е наведено дека сите граѓани  се еднакви пред Уставот и законот, а член 8 од Уставот вели дека темелни вредности на уставниот поредок се владеење на правото и основните човекови права.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ