
Сара Настеска до Охрид замина на лекување во Германија
Благодарение на хуманите акции спроведени низ целата земја, 15-годишната Сара Настеска од Охрид заедно со своето семејство отпатува за Германија каде ќе започне нејзиното лекување. На девојчето во август и беше дијагностицирана Анемија Апластика, болест што може да се лекува со трансплантација на коскева срж.
Донор на сржта ќе биде нејзиниот помал брат Виктор, кој исто така веќе е во Германија, а договорено е со медицинските екипи во текот на оваа седмица да почнат испитувањата што претходат на лекувањето, а ги опфаќаат двете деца.
За лекување беа потребни околу 200 илјади евра, средства што нејзиното семејство не можеше да ги обезбеди. Парите беа собрани преку донации откако беше мобилизирана речиси целата јавност во Охрид, што потоа се прошири низ целата земја, демонстрирајќи ја хуманоста на поединци, лица од уметноста, пејачи, спортски клубови, институции, фирми, установи.