
Санитарни инспектори на увид во штипска ортопедија
Санитарните и здравствени инспектор по втор пат вршат увид на штипска Ортопедија, откако деновиве се појавија четири нови случаи на поранешни пациенти за болени од Хепатит Ц, со што бројката се искачи на десет. Директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат Ирина Бухова очекува во петок да пристигне извештајот од инспекторите, со што и повеќе ќе се знае за случајот.
Ова е наш втор надзор. Наша практика е да не брзаме при вонредните надзори за да може да ги испитаме сите аспекти. Не знаеме дали ќе го утврдиме изворот затоа што надзорот се уште трае, но до крајот на неделата треба да биде готов извештајот со првичните насоки, Ирина Бухова директор на ДСЗИ.
Бухова вели дека немаат замерка во однос на преземените мерки и активностите од страна на раководството на штипската Клиничка болница, откако се појавија првите случаи на заболени пациенти од Хепатит Ц.
Епидемиолозите од Центарот за јавно здравје прават и епидемолошки анкети со пациентите, кои лежеле на ортопедија, со цел да утврдат од каде доаѓа изворот. Хепатит Ц за разлика од останатите видови на овој вирус се пренесува преку крв или отворена рана, а сипмтомите се исти.
Викторија Јованова