Санирање на дефект на опремата инсталирана во тунел 1 – Демир Капија

Во периодот од 23:00 до 00:00 часот вечер ќе се извршува санирање на дефект на дел од опремата инсталирана во тунел 1 – Демир Капија, правец: Гевгелија – Скопје, соопшти ЈП „Македонија пат“.

Поради овие причини едната сообраќајна лента во тунелот ќе биде затворена во наведениот период. Во овој период брзината во тунелот ќе биде ограничена на 40 километри на час и сообраќајот ќе се одвива по една сообраќајна лента.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ