Саниран дефектот по пожарот во трафостаницата во Сушица

Жителите на општина Ново Село и дел од општина Босилово речиси дваесет часа се без напојување со електрична енергија. Дефектот од вчерашниот пожар на трафостаницата се’ уште не е саниран и тоа ги загрижува бидејќи не можат да функционираат. Седум населени места немаат ниту вода, бидејќи не работи филтер станицата за дотур на вода.

Од ЕВН велат дека дефектот е на делот од трафостаницата со кој управува МЕПСО, а екипи се на терен и се обидуваат да го решат проблемот.

Од МЕПСО се надеваат дека до крајот на денот граѓаните од овие две општини ќе добијат електирчна енергија.

Сузана Мицева

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ