Лекарската фела го осуди нападот врз докторот во Клиничката болница во Тетово

Физичкиот напад врз докторoт дерматовенеролог вработен во Клиничката болница во Тетово извршен во присуство на органите на јавен ред и мир укажува дека и покрај сите декларативни изјави, повелби и декларации потпишани и искажани во изминатиот период со цел ваквите инциденти да се спречат или станат изолирани појави, тие и натаму продолжуваат со зголемен интензитет и честота, соопшти Самостојниот синдикат на Клинички центар.

Од Синдикатот го осудија, како што посочија, овој дрзок и брутален напад и му посакаа добро здравје и брзо опоравување на докторот.

Очигледно е дека докторите, медицинските сестри и останатите вработени во здравството при извршување на своите работни задачи, нагласија од Синдикатот, се недоволно заштитени и секојдневно изложени на животозагрозувачки инциденти, стварност што не ја посакуваат и не е по нивна волја.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ