
Самостоен настап или коалиции на малите партии
Новоформирата партија „Твоја“ прв пат ќе настапи на избори. Нема да водат класични кампањи, митинзи, ниту пак ќе имаат средби со граѓани. Ќе бидат интернет партија која ќе ги користи социјалните мрежи и современата технологија.
И додека новите партии со оптимизам ги очекуваат изборите, другите помали политички субјекти преговараат за заеднички настап со најголемите партии, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.
Коалициските партнери на владејачката партија ќе се знаат по завршувањето на конргесот, додека ВМРО-ДПМНЕ официјално ќе ги промовира листите и коалицијата во среда. Она што е познато е дека претходната соработка на партиите ќе продолжи, а не е исклучена можноста и од приклучување на нови партии.
Јулијана Пешевска