
Самоизолираните граѓани останале дома, а други 242-ца непослушни се шетале во полициски час
Само еден граѓанин кој добил решение од МВР за самоизолација излегол од својот дом, и го фатила и казнила полицијата. Но, затоа изминатото деноноќие, одновно по 16 часот 242 лица го прекршиле полициксиот час. Се затекнале на улиците без дозволи за движење, а 95 полицјаците на пунктвоите ги првиеле. Треисет и седуммина се само опоменати, но затоа 58 ќе добијат парични казни. Според статистиките на МВР, пак, во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата на 109 лица им се издадени решенија за изолација, а 112 лица потпишале изјави за самоизолација.