
Само 8 лекари специјалисти задолжени за раѓањето и смртта на сите новороденчиња на Гинекологија
Алармот повторно го вклучи бројката од 35 штотуку родени бебиња на Клиниката за гинекологија и акушерство во првите три месеци од 2018-та година.
Се родиле предвреме, и не успеале да достигант тежина и имунитет. Дури 80 проценти ја имале истата дијагноза – екстремно незрели. Тоа што загрижува се 8-те случаи на бебиња родени со доволна зрелост, но повеќе аномалии и инфекции. И за овие 35 случаи и за сите останати родени деца се погрижил истиот тим од само 8 специјалисти неонаталози, една од причините која придонесува за Макеоднија да се вброи во земја со едно починато бебе на 12 родени или втора земја по смртност на новроденчиња во Европа.
Сепак, Јованова смирува дека смртноста за овој период спродбено со лани се намалила за 6 случаи, но позагрижувачки фактор е зголемниот пораст на предвремено родени бебиња, најчестата причина за смртноста и најголемо финансиско оптоварување на Фондот за здравство.
И покрај тоа што пред седум години е усвоена Стратегија за безбедно мајчинство – резулатите се уште ги нема. Еднаков и ефикасен пристап до здравствените услуги, градење на капацитетите на обучениот кадар и посветување на посебно внимание на маргинализираните и ранливите групи. И заменикот миниситер за здравсто е согласен дека овие резултати не можат да се постигнат со „шака“ лекари, но и цели региони без педијатар или гинеколог.
Почетокот на на сите напори за намалување на стапката на смртност завршува со конкурсот за вработување на ГАК, на кој се јавил само еден потеценијален кандидат. Младите и идни лекари или не сакаат да специјализираат на овие клиники или веќе си заминале од земјата во потрага за подобра иднина, тврдат од лекарската фела.
Додека се најде формулата за безбедно следење на бременоста и породување, Македонија останува заглавена ов црните статитски со 11 промили смртност, додека најголеми шанси за преживување имааат словенечките бебиња од регионот и недостижен просек од 4 до 5 починати на илјада родени во земјите од Западна Европа.
Павле Беловски