Само една четвртина од граѓаните веруваат во судството

Само една четвртина од граѓаните на Македонија веруваат во судството покажуваат податоците од евробарометарот, а до правда во судница се уште се стигнува многу тешко тврдат од Коалицијата „Маргини“ од каде што истражуваат на темата.

Во земјава секој втор граѓанин има некаков правен проблем.

Пристапот до правдата е тежок заради трошоците за судски постапки, но и луѓето не се доволно едуцирани како да дојдат до неа, алармираат невладините. Оттаму посочуваат кои се најоштетени.

Студенти и млади правници пред судовите го одбележаа европскиот ден на пристапот до правдата, а на неколку метри од нив видоа транспаренти со пораки кои и пркосат на неправдата.

Петар Догов

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ