
Саем за кариера: Недостасува пракса за студентите на техничките факултети
Идните електроинжинери, програмери, веб дизајнери за да имаат пракса мора да одат од компанија до компанија. Програмите на факултетите им даваат само теоретско знаење.
Бруцошите ова лето за прв пат ќе треба да одат на летна пракса. Тиe велат дека треба почесто да се среќаваат со компаниите за да знаат каде да побараат пракса.
Од студентската организација БЕСТ велат дека самостојно организираат саеми за вработување и кариера.
Денеска на Факултет за електротехника и информациски технологии по 15-ти пат се одржа Саемот за вработување и кариера.
Теодора Цветковска