САД донираа опрема за снимање на судските расправи

Амбасада на САД донираше денеска аудио опрема за снимање на судските расправи во Основниот суд Скопје. На овој начин, на судењата повеќе нема да има потреба од записничар, кој досега запишувал се што ќе се каже во судот, односно сега се ќе се снима тонски, по што на странките во процесот ќе им се доделат ЦД верзии од снимките.

На тој начин, ќе се избегне повторувањето и навраќањето во обраќањата на обвинителите, адвокатите, судиите, обвинетите и сведоците. Записничарите и натаму ќе останат во судот, ќе ја следат расправата а доколку е потребно, по рочиштето ќе направат дополнителен записник.

Донираната американска опрема ќе биде поврзана со АКМИС системот и снимките ќе влегуваат директно во истиот.

На промоцијата на техничката опрема присуствуваа американската амбасадорка, Кејт Брнс како и претседателот на судот, Иван Џолев.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ