Рустеми: Јанева побара да не го „замрзнам“ станот на Главчев во случајот „Поштенска Банка”

Обвинителот Бурим Рустеми, кој беше дел од тимот на СЈО, денеска сведочеше во Кривичниот суд, на рочиштето за случајот “Рекет”.

Тој на прашање на обвинителката Гордана Смаќовска зборуваше за истрагата за “Поштенска банка”. Обајсни дека предметот му бил доделен од Катица Јанева, и дека предистрагата траела цела година.

Следувале и предлози за притвор, за тројца осомничени, меѓутоа судијата на претходна постапка оценил дека се неосновани. На осомничените Коле Смилевски, Томе Главчев и на Ратко Димитровски ом биле одземени пасошите. А потоа, следувала подготовка за замрзнување на имотот на дел од осомничените. На прашањето дали имал инструкции од Јанева за определена недвижност, Рустеми рече дека Јанева побарала еден стан да биде тргнат од предлогот за замрзнување, бидејќи веќе бил продаден на нејзина пријателка, па да не и се наштети. Тој појасни дека се согласил со тоа зошто не се сомневал дека не е така како што кажува Јанева.

-Се работеше за голем имот, па тој стан немаше голема улога. После неколку месеци разговарајќи со колешката Лиле Стефанова, таа знаеше за станот, и по нејзините проверки дознала дека можно е сопственик на станот да е Сашо Василевски, екс директор на МЕПСО и член на Советот на јавни обвинители. Таа информација не ми беше пријатна, рече Рустеми.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ