
Русковска за организаторите на 27-ми април:„Сведокот докажа дека протестите биле организирани од партијата ВМРО-ДПМНЕ“
Протестите за „Заедничка Македонија“ по кој што следеше насилен напад во собранието ги организирала партијата ВМРО-ДПМНЕ на чие што чело тогаш стоеле токму Трајко Вељановски поранешниот собраниски спиекр и ексминистрите Спиро Ристовски и Миле Јанакиевски. Ова е е сведочењето на Михаил Младеновски, сведокот на обвинителката Вилма Русковска во процесот за организаторите за 27 ми април.
Не можам да тврдам дека ВМРО ги организираше протестите. Но, според поставеноста апсолутно стоеше партијата затоа што капацитетот на четворицата водачи не беше структурно организиран. На тие протести не се појавуваа видни функционери на ВМРО. Затоа овие четворица го преземаа водењето на протестите, вели Михаил Младеновски сведок
Младеновски во детали ја опиша и вмешаноста на тајните полициски служби. Насоките и подготовките за упадот оделе преку сега осудениот Алексанадар Васиелвски Нинџа кој, пак, добивал насоки од тогашниот, а сега обвинет директор на УБК, Владимир Атанасовски. И сведокот Сашко Коцевски кој во тој период бил самостоен референт во собранието ја потврди партиската вмешаност во протестите, а насилствата отпочнале откако спикерот Вењановски можел ,но не го исклучил микрофонот на кој пратеникот Зекирија Ибраими ја пеел албанската химна.
Коцевски не може да зборува за собраниски деловник бидејќи е дипломиран педагог, тврди одбраната на тројца обвинети.
Сведокот Младеновски, пак, од обвинет за насилствата во собранието на 27 април преку законот за амнестија кој го опфти и него и брат му, сега е е сведок во процесот за нарачателите кои се товарат за кривичното дело „загрозување на уставниот поредок и безбедноста“. Освен 4-цата обвинети, истрагата на одделението за организиран криминал тврди дека има докази и за експремиерот и бегалец во Будимпешта Никола Груевски.
Павле Беловски