
Русковска со молба „доколку може“ сведоци од Милошоски – неговите бомби се на вештачење
Обвинителката Русковска од Антонио Милошоски барала и доколку може да посочи сведоци за објавените аудио-материјали од негова страна за да се забрза предметот отворен во обвинителството за гонење организиран криминал. Разговорите се пратени на вештачење.
Предмет е отворен и за првата и за втората аудио бомба на Милошоски, а материјалите се пратени на вештачење. Ова го тврди обвинителката за гонење организиран криминал и корупција Вилма Русковска, која на пратеникот му побарала доколку може да и посочи и сведоци на разговорите, но го одбива предлогот на Милошоски да се проверува на снимки кој влегувал во кабинетот на Заев цел мај минатата година.
– Го замолив Милошоски, доколку може, да обезбеди и сведоци кои би го поткрепиле тоа што е на снимката, и на едната и на другата. Тој рече да побарам од цел месец мај да побарам снимки, што сметам дека е несериозно, затоа што којзнае колку луѓе биле во кабинет на поранешниот премиер, изјави Вилма Русковска, обвинител за гонење на организиран криминал и корупција.
48 часа поминаа, уште нема истрага, обвини вчера опозицискиот лидер Мицкоски кој ги предводеше протестите против неправдата на ВМРО-ДПМНЕ.
Миомир Серафиновиќ